Најчесто поставувани прашања

Најдете одговори на најчестите прашања за Mak Mall

Што е Mak Mall?

Mak Mall е онлајн платформа која ги поврзува локалните бизниси, продавници и занаетчии со потрошувачите. Нашата цел е да овозможиме лесен начин за пронаоѓање и пристап до различни продукти и услуги во вашиот град.

Дали регистрацијата е бесплатна?

Да, регистрацијата на Mak Mall е целосно бесплатна. Можете да креирате ваша продавница, да додавате производи или услуги, и да започнете да продавате без никакви почетни трошоци.

Како да регистрирам моја продавница?

Регистрацијата е многу едноставна:

  1. Кликнете на "Регистрација" во горниот мени
  2. Пополнете ги потребните информации (име, email, лозинка)
  3. Потврдете ја вашата email адреса
  4. Најавете се и креирајте ја вашата продавница преку контролната табла
Што може да продавам на Mak Mall?

На Mak Mall можете да продавате широк спектар на производи и услуги. Имаме над 55 различни категории, вклучувајќи:

  • Храна и угостителство: Ресторан, Пицерија, Сендвичара, Таверна, Кафе Бар, Пекара, Слаткарница, Скара
  • Продавници: Мини маркет, Месарница, Рибарница, Здрава храна, Суплименти и Витамини
  • Мода и стил: Бутик, Обувки, Накит, Часовници, Очила
  • Електроника: Галантерија за Мобилни, Електроника, Мобилни
  • Убавина и нега: Козметика, Салон за Убавина, Салон за Нокти
  • Фитнес: Јога, Пилатес, Зумба, Спортска опрема
  • Дом и градина: Дом и Градина, Градежни материјали, Бои и Лакови, Алати
  • Возила: Автоделови, Автокозметика, Авто перална
  • Мајсторски услуги: Молер, Водоводџија, Електричар, Ѕидар, Столарија, Клими, Плочки и други
  • Сервиси: За електроника, мобилни, часовници, очила, велосипеди
  • Останато: Домашни миленици, Играчки за Деца, Книжарница, Занаети, Рачна изработка, Фото студио и многу повеќе!

Единствениот услов е производите и услугите да бидат легални и во согласност со нашите услови и одредби.

Колку време е потребно за одобрување на продавницата?

Откако ќе ја креирате вашата продавница, нашиот тим ќе ја прегледа во рок од 24-48 часа. Ќе добиете известување преку email кога продавницата ќе биде одобрена и видлива за корисниците.

Дали има ограничување за број на производи?

Да, моментално можете да додадете до 100 производи или услуги во вашата продавница.

Ако имате потреба од повеќе производи, ве молиме контактирајте не на makmallinfo@gmail.com и ќе најдеме решение за вашите потреби.

Како клиентите ќе можат да ме контактираат?

Кога клиентите ќе ја прегледуваат вашата продавница, тие ќе можат да ве контактираат преку:

  • Телефонски број (ако сте го додале)
  • Email адреса
  • Други контакт информации што сте ги наведеле

Mak Mall служи како платформа за поврзување, а директната комуникација и трансакција се одвива меѓу вас и клиентот.

Дали Mak Mall процесира плаќања?

Моментално, Mak Mall не процесира плаќања. Платформата служи како каталог и маркетплејс за прикажување на вашите производи и услуги. Плаќањата и испораката се договараат директно меѓу продавачот и купувачот.

Како да ги промовирам моите производи?

За подобра промоција на вашите производи:

  • Додавајте квалитетни фотографии на вашите производи
  • Пишувајте детални описи
  • Редовно ажурирајте ги вашите производи
  • Користете ги нашите социјални медиуми за да ги споделите вашите продукти
  • Одговарајте брзо на барањата од клиентите
Што ако заборавам лозинка?

Ако заборавите лозинка, кликнете на "Заборавена лозинка?" на страницата за најава. Ќе ви биде испратен линк на вашата email адреса со кој можете да ја ресетирате лозинката.

Како да го избришам мојот профил?

Ако сакате да го избришете вашиот профил и продавница, контактирајте не на makmallinfo@gmail.com и нашиот тим ќе ви помогне со процесот.

Имам дополнително прашање. Како може да ве контактирам?

Ако имате дополнителни прашања или потреба од помош, можете да не контактирате на:

Нашиот тим ќе ви одговори во најкраток можен рок!

Се уште имате прашања?

Контактирајте не и ние ќе ви помогнеме!

Испратете Email Регистрирајте се сега